Почина актерот Мустафа Надаревиќ

Легендарниот актер Мусатафа Надаревиќ почина по подолго боледување на 77-годишна возраст, пренесоа медиуми.

Тој неодамна беше пуштен од болница со дијагноза рак на белите дробови и беше дома во Загреб, а според медиумите не излегол од станот поради епидемиолошката состојба.

Тој беше водечки лик во серијата „Луд, збунет, нормален“, а сценаристот на серијата, Федја Исовиќ (55) претходнио изјави дека сеијата понатаму нема да се снима.

„Не ни паѓа на памет да ја работиме „Луд, збунет, нормален“ без Мустафа Надаревиќ. Никогаш не сме размислувале за тоа“ изјави тој за сараевки Аваз.

Надаревиќ, поголемиот дел од животот го помина во Загреб.

Тој одигра околу 150 театарски улоги и често се појавуваше на филмското платно – во повеќе од 60 филмови во кои глумеше.