Почина Благоја Стефановски – Баге

Во 67-ма година од животот денеска почина Благоја Стефановски – Баге, една од најпознатите личности на македонската култура.

Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за забрзан уметнички развој на оваа театарска  куќа која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан чернодрински“, а беше и на чело на „Охридско лето“.

Благоја Стефановски од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

SHARE