Легендарниот италијански фудбалер, херојот на Италија од СП во 1982 година Паоло Роси, почина на 64 годишна возраст.

Веста за неговата смрт, утрово во 1:30 часот, прв ја објави неговиот колега Енрико Вариале.
Потврда за смртта на Роси набргу стигнала и од неговата сопруга Федерика.

Паоло Роси во кариерата бил играч на Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона. Кариерата ја завршил во 1987 година.

Со Италија стана светски првак, во Шпанија во 1982 година. Тогаш стана национален херој, постигна хет-трик против Бразил во четврт-финалната група, потоа два пати стрелаше прецизно против Полска во полу-финалето, а постигна еден од трите гола против Германија во финалето.

Роси беше најдобар стрелец на СП во 1982, а истата година ја доби и Златната топка. ТопСпорт