Почина Јовица Станковски, археологот кој го откри Кокино

Археологот и машински инженер Јовица Станковски, кој ја задолжи Македонија со откривањето на Кокино, почина по кусо болкедување, соопшти неговото семејство. .

Тој ја открил Мегалитската опсерваторијаслучајно во 2001 година, а веќе кон крајот на истата година започнаа и истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.

Станковски беше долгогодишен директор на НУ Музеј Куманово, како и советник во советот на Општина Куманово.

Станковски  е роден 1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје.

SHARE