Почина кралот на ексјугословенскиот фолк

Некрунисаниот крал на ексјугословенската фолк музика Шабан Шаулиќ починал ноќеска како резултат на последиците од тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Ѕвездата на српската народна музика загинал во инцидент на автопат во близина на германскиот град Билефилд, каде вчеравечер одржал концерт за ексјугословенската емиграција.

Во автомобилот бил со двајца сопатници.

И покрај тоа што германските спасувачки екипи интервенирале брзо, по што тој е пренесен во болница, лекарите не можеле да му го спасат животот.

Шабан Шаулиќ е роден во 1951 година во Шабац и е еден од најпопуларните музички уметници на просторите на поранешна Југославија.

SHARE