Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска почина на Клиниката за пулмологија.

Таа повеќе од една година била во тешка општа здравствена состојба. Била хоспитализирана без симптоми на коронавирус.

Од кабинетот на шефот на државата велат дека 71-годишната мајка била хоспитализирана без симптоми на коронавирус, но откако починала, сепак ѝ е земен тест за проверка.

„Посмортен е земен брис за корона тест. Штом се знаат резултатите јавноста ќе биде информирана, информираат од Кабинетот на претседателот.

SHARE