Почина Неда Арнериќ


Прославената актерка Неда Арнериќ почина денеска на 67.годишна возраст, јавуваат српски медиуми.

Според Телеграф.рс, Неда била пронајдена од нејзиниот брат кој влегол во станот дури откога бравар ја отворил вратата. Немало знаци на насилство,. а полицијата и персоналот на брзата помош се на лице место.

Неда Арнериќ е роден на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Нејзиниот прв филм од 1966 година, „Сон“, ја направи голема филмска ѕвезда во поранешна Југославија.

Арнериќ на овие простори ќе биде запамтена и по нејзината улога во филмот „Исправи се Делфина“.

SHARE