Почина Ники Лауда, легендарниот возач на формула 1

Ники Лауда, трикратниот светски шампион на  Формула 1, кој преживеа речиси фатална несреќа а подоцна основаше сопствена авиокомпанија – почина, соопшти германската новинска агенција ДПА.

Лауда имаше 70 години.

Тој почина во сон вчера, опкружен од неговите блиски, изјави портпарол на семејството.

 Лауда беше подложен на комплицирана белодробна трансплантација минатата година и беше хоспитализиран поради грип во јануари, пренесува  ДПА.

Лауда стана една од најпознатите лица на формула 1 откако се врати на патеката само шест недели откако беше изваден од запаленото „Ферари“ при несреќа на патеката „Нирбургринг“ во Германија во 1976 година.

По враќањето тој освои уште две титули, што ги додаде на првата што ја освои една година пред инцидентот кој трајмно му го оштети лицето.

SHARE