Почина пациент од Ковид-19, 23 новозаразени

Нови 23 нови случаи со ковид-19 се потврдени денеска, а едно лице почина, соопшти Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид-19, а потврден позитивен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 12, Куманово 4, Прилеп 2, Тетово 4, Неготино 1.


SHARE