Почина поранешната пратеничка и судијка, Благородна Дулиќ

Поранешната пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, почина денеска во 78 година од животот.

Таа беше пратеничка во три мандати од 2006 до 2014 година.

Дулиќ е родена на 18.04.1941 година во Кочани.

Блаородна Дулиќ, во нејзината професионална кариера беше судија во Окружниот стопански суд Скопје, судија во Стопанскиот суд на Македонија, судија во Врховниот суд и од 2000 до 2004 година беше член на Републичкиот судски совет.

SHARE