Почина поранешниот американски претседател Џорџ Х. Буш

На возраст од 94 години, вчера во 22 часот по локално време, почина 41 претседател на САД, Џорџ Хербер Волкер Буш.

Буш служеше во Белата куќа од 1989 до 1993 година, што претставуваше врв на неговата политичка кариера долга повеќе од 40 години.

Неговиот син Џорџ Буш помладиот, кој беше 43 претседател на државата, ја соопшти веста во име на семејството.

“Џеб, Нил, Марвин, Доро и јас во таага објавиме дека по 94 извонредни години, нашиот драг татко почина“”, рече Џорџ Буш. „Џорџ Х. Буш беше човек со висок карактер и најдобриот татко што би можел да го побара еден син или ќерка“.

Неговата смрт, дојде помалку од осум месеци посмртта на на неговата сопруга, Барбара Буш која почина во април.

Буш боледувше од  Паркинсонова болест поради која беше принуден  да користи инвалидска количка.

Во април, еден ден откако присуствуваше на погребот на сопругата, тој беше примен во болница каде бешетретиран за инфекци на крвта.

Буш беше одликуван воен пилот кој бил соборен во Пацификот во 1944 година, и беше последниот од неговата генерација кој успеал да стигне до Белата куќа.