Почина рускиот писател и дисидент Владимир Буковски

На 76-годишна возраст, вчера во болница во Кембриџ, Англија, почина рускиот писател и дисидент во време на СССР, Владимир Буковски.

Владимир Буковски беше познат како дел од дисидентското движење во СССР, а 1972 година бил и осуден на две години затвор и пет години егзил поради антисоветски активизам.

Тој од 1976 година живееше во Англија.

SHARE