Почина уште едно бебе од морбили – за три дена трета жртва

14-месечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники, дознава „Курир“.

Детето починало на Детската клиника.

Информацијата ја потврдија и извори од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Вчера почина 13 месечно бебе  од Свети Николе од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за, кое и предходно имало други здравствени проблеми.

Пред три дена шестмесечно бебе заболено од морбили почина пред на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче, по оваа трагедија посочи дека бебето имало компликација на белите дробови.

SHARE

Оставете Коментар