Починаа 14 патници, уште неколку се борат за живот

Уште едно лице почина како последица на повредите од тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патниот правец Скопје-Тетово кај месноста Карпалак.

Информацијата ја објави премиерот Зоран Заев по завршување на вонредната владина седница.

Заев ја информираше јавноста дека денеска и утре се денови на национална жалост.