Утрово во Скопје, на плоштадот Филип Втори, работници го отстрануваа Сонцето од Кутлеш од шахтите поставени на плочникот.

Граѓани испратиле фотографии од кои се гледа како со машини, работници облечени во работничка униформа го отстрануваат симболот од шахтите, јавува порталот „Дигиталњуз“.

Согласно Договорот од Преспа рокот за отстранување на овој симбол тр од споменици, јавни згради, инфраструктура беше 12 август.

SHARE