Панос Каменос ја исклучи од партијата „Независни Грци“, Елена Кунтура откако таа соопшти дека ќе ја поддржи владата на Алексис Ципрас на гласањето за доверба во парламентот.

Кунтура е министерка за култура.

„Г-ѓа Кунтура со нејзината официјална најава, одлучи да го размени својот глас и името на Македонија со министерска фотелја.

Ја исклучувам од парламентарната група на Независни Грци, напиша Панос Каменос на Твитер.

Се очекува Ципрас да добие апсолутно мнозинство од 151 пратеник на гласањето доверба, со помош на пратениците од Независни Грци и членот на пртијата „Потами“, Спирос Данелис.

Поконкретно,на 145 членови на парламентарната група на СИРИЗА се очекува да се приклучат  Катерина Папакоста, Елена Кунтура, Василис Коккалис, Костас Зурари, Танасис Папакристопулос и Спирос Данилис.

SHARE

Оставете Коментар