Почна производството на руската вакцина против Ковид-19

Министерството за здравство на Руската Федерација соопшти дека започнало производство на вакцина против коронавурусот која беше развиена од научниците во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“

Вакцината е наречена „Спутник V“ според името на првиот вештачки сателит лансиран од СССР во 1957 г, но неговото официјално име е „Гам-КОВИД-Вак“, јави RT.

Како што претходно најави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“.

Министерството за здравство на Русија во вторникот 11 август ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на инфекција со коронавирус, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“, заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Во таа прилика, претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека вакцината ги поминала сите потребни тестови, како и дека формирала стабилен имунитет.

SHARE