Почнавме преговори со Европската унија, тврди Заев! (ВИДЕО)

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија вчера се согласија за што поскоро отворање преговори со Македонија и со Албанија, без да спомнат датум, но лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тврди дека Македонија веќе ги почнала преговорите?!

„Еј, НАТО бидна! Членка сме на НАТО. Почнавме преговори со Европската унија. Тоа се двете стратешки цели. Можеме да бидеме горди како генерации дека оставаме извесност и оставаме иднина на децата и на генерациите кои што доаѓаат после нас“, рече на прес-конференција поранешниот премиер во рамките на својот одговор на новинарското прашање: „Објавивте пакет економски мерки, какви се според вас очекувањата, какви се проценките за економските последици од оваа криза?“.

Тврдењето на Заев е 5:55 минути од почетокот на снимката:

SHARE