Почнува големото финале: Над 3500 финалисти на “Типстер купот” на Sport Life

Од денес стартува финалето за главната премија – стан на Водно!

Од денес 10-ти август, стартува финалната фаза на Типстер купот 2019/2020 на Sport Life, која ќе трае во наредните 30 дена, сè до 10 септември. Тогаш ќе се знаат и 10-те најдобри „типстери“ на овој традиционален натпревар на Sport Life.

Победникот го очекува главната премија-нов стан на Водно, додека за останатите 9 натпреварувачи следуваат вредни поени за подароци по нивен избор од СЛ Маркетот.

За освоеното 2-ро место следуваат 5 милиони поени, за 3-то место 2 милиони поени, за 4-то место – 1 милион, за 5-то место – 500.000 поени, за 6-то место – 200.000, 7-мо место носи 100.000 поени, 8-мо место – 50.000 поени, 9-то место – 40.000 поени и 10-то место – 30.000 СЛ Маркет поени.
Ова година, импресивна бројка од 3 520 натпреварувачи влегоа во финалната трка на Типстер купот. Тоа се победниците од претходните 9 месечни етапи (по двајца од секој објект), кои се натпреварува во типувањето, со добитните, но и со недобитните тикети. Директен пласман остварија и 6 најдобри играчи од акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“.

За сите обложувачи што се пласираа во финалето Sport Life обезбеди и ваучери од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичката.

Финалистите ќе имаат добра можност да го покажат своето спортско знаење и умешност во прогнозите со оглед на актуелната богата понуда на атрактивни и возбудливи натпревари од Лигата на шампиони, од Лигата Европа, натпреварите на плејофот на НБА и НХЛ, како и мечевите од другите државни првенства.

Правилата за натпреварување и начинот на пресметување на поените за рангирање во купот, можете да ги најдете на следниот линк

SHARE