Долниот дом на американскиот парламент, вчера изгласа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го започне процесот, кој се заснова на 25-от амандман од Уставот, за отстранување на претседателот Доналд Трамп – поради неспособност да ја извршува функцијата.

Според 25-от амандман Пенс и мнозинството министри во администрацијата на Трамп ќе мора да го прогласат претстедателот неспособен за извршување на должноста.

Потпретседателот Пенс во писмо до претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, претходно се изјасни дека не ја прифаќа ваквата иницијатива и дека нема да го стори тоа.

Сеега се очекува Претставничкиот дом да гласа за отповикување на претседателот Трамп од должноста, под обвинение дека иницирал бунт против американската власт.

Голем број врвни имиња во Републиканската партија велат дека ќе гласаат за импичмент на претседателот Доналд Трамп за неговата улога во минатонеделното насилство во Конгресот.

Изгласаната резолуција треба да покрене судење (импичмент) во Сенатот, кој сѐ уште е под контрола на републиканското мнозинство, иако сѐ уште не е јасно дали воопшто има доволно време или политички амбиции за остранување на Трамп.

SHARE