Почнува расправа за ЗЈО, добиена поддршка од ДУИ и Беса!

Седницата на која треба да се гласа законот за јавно обвинителство, е закажана за вечерва за 21 часот.

Седницата требаше првично да започне во 15 часот, но спикерот Талат Џафери не ја закажа бидејќи немало 80 пратеници кои би гласале за.

Се чини обезбедено е двотретинско мнозинство, па седницата е закажана за 21 часот.

ДУИ, како услов за гласање на законот за ЈО бараше да се прекрои 60та ИЕ., за што утре ќе се одржи саедница за Изборниот законик.

Од БЕСА бил поставен е услов Заев и пратениците на СДСМ, претходно да го изгласаат предлогот законот на БЕСА за лични документи со кој ќе се овозможи вметнување етничка пропадност Албанец во личните карти.

Според извори блиски до собранието, Заев се согласил по итна постапка во текот на утрешниот ден, прво да се изгласа нов закон за лични документи, а потоа на гласање да се стави законот за обвинителство за кој ќе гласаат двајцата пратеници од БЕСА, Тетуа Биљаљи, и Фадил Зендели, пренесуваат медиуми.

SHARE