Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња денеска во Солун ќе одржи прв состанок, објави вчера алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу во грчкиот Парламент.

„Утре заседава за прв пат, комисијата што е одредена под покровителство на Министерството за надворешни работи за темите за трговските ознаки, трговските имиња и слично. Утре заседава, за прв пат во Солун и таму од бизнисмените од двете страни се поставуваат темите кои останаа нерешени се додека не се потпиша Договорот од Преспа“, рече вчера Анагностопулу.

SHARE