По изјавата на Артан Груби дека од ДУИ ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која му даде целосна поддршка преку порттпаролот Димче Арсовски.

„Апсолутно дека се согласуваме. Практично ние тоа и го побаравме вчера. Се согласуваме, мора да се расчистат сите дилеми околу консумирањето на такви наркотични средства, како што во јавноста излезе случај со пратеникот Пaвле Богоевски, којшто е носител на јавна функција и е гласан од граѓаните, односно поддржувачите на СДСМ на тие избори“, изјави Арсовски.

SHARE