Македонската влада го поздравува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на израелско–палестинскиот конфликт и ги повика израелските и палестинските лидери да го прифатат, соопшти Владата.

„ Статус квото не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток”, се вели во владиното соопштение.

„Северна Македонија се залага за постигнување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток: одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации”, велат од Владата.

SHARE