Поддржувач на Заев контра Пендаровски – нов случај на антисемитизам!

Поддржувач на политиките на СДСМ и Зоран Заев оди контра барањето на претседателот Пендаровски да се внимава со коментари кои се навредливи за одредени заедници.

Експертот за социјални медиуми Љубиша Сулимановиќ во двосмислен пост на Твитер повторно отвори дебата за антисемитизам во Македонија.

“Рашела Мизрахи правела мапа на сите кафани кај што служат Евреи”, напиша Сулимановиќ во пост кој може да се толкува на два начини.

Едниот начин на толкување на постот е дека во споменатите кафеани има келнери Евреи кои ги служат гостите а во вториот дека во некои кафеани се служат Евреи како дел од менито.

Експертот за социјални мрежи не објаснува на што точно мислел но и во двете објаснувања тој сосема непотребно ги споменува Евреите и етнички ја профилира министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи.

“Слободата на изразување е фундаментално човеково право, но и одговорност. Сите учесници во јавниот дискурс мора да внимаваме нашите коментари да не се навредливи кон одредена заедница. Неодамна бевме сведоци на коментари кои беа протолкувани како антисемитски”, напиша на Твитер претседателот Пендаровски за македонскиот антисемитизам.

Професорката Ганка Цветанова јавно го прозва Пендаровски да реагира за новите антисемитски напади врз Мизрахи но претседателот не реагираше директно за постот на Сулимановиќ.