Во Гевгелија ќе биде поставена монтажна модуларна болница во Гевгелија, која ќе функционира во рамки на регионалните Ковид центри во земјава, како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на пандемијата од корона вирусот.

На локацијата на паркинг просторот пред сегашната Брза помош, на северниот дел од објектот на Општата болница во Гевгелија, почна подготовките за поставување на модуларната болница на површина од 450 квадратни метри.

Градоначалникот Сашо Поцков информираше и дека од тројцата новодијагностицирани со Ковид -19, едниот е од Гевгелија, а останатите двајца се од Богданци и Дојран.

SHARE