Подготвува ли Катица нова стратегија пред пресудата за “Рекет” ?

Инцидентот со специјална обвинителка Катица Јанева која вчера во Државниот завод за ревизија останала во долна облека додека и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, отвара дилеми дали обвинителката се подготвува за нов начин на одбрана во продолжение на случајот Рекет.

На 18 јуни треба да биде донесена пресудата за овој случај по што предметот ќе оди на Апелација.

Таа вчера без посебна причина видно растревожена на полицајците прво им кажала дека и е доста од сè и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор, објавија повеќе медиуми а потврдија од МВР.

Според извори добро упатени во правосудните состојби има две логични сценарија за инцидентот.

Според првото постои можност Јанева навистина да е при крајот на нервите во случајот кој може да и донесе долгогодишна затворска казна.

Според второто сценарио таа може да подготвува терен да се повика на здравствени психолошки проблеми и да побара соодветна лекарска помош.

На овој начин таа теоретски може да биде ставена под посебна медицинска заштита особено ако биде проценето дека е опасност за себе и околината.

Доколку добие посебен здравствен третман привремено или на подолг рок може да ги избегне суровите затворски услови на кои според најавите ќе треба да се соочи во наредниве години.

Судската пректика познава огромен број случаи каде обвинети или осудени се повикуваат на психолошки здравствени проблеми па дури и на непресметливост со цел да се избегне класично издржување затворска казна.

SHARE