Подигнато знамето на НАТО пред Влада (ВИДЕО)

Во присуство на претставници од Владата, од Собранието, од Армијата, како и поранешни политичари, денеска беше кренато знамето на НАТО на јарболот пред Владата.

Премиерот Зоран Заев се обрати пред присутните на свеченоста и даде осврт на досега сработеното за да се постигнат стратешките определби за НАТО, а во видливо време и ЕУ.

„Да живее европска Република Северна Македонија, да живее НАТО“, беа завршните зборови на премиерот.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар