ВМРО ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 ти февруари и таа е достазвена до претседателот на Цобранието Талат Џафери, потврди Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите партии да дадат поддршка за распуштање на Собранието на 12 февруари.

Тој посочи дека “некој сака да го одложи расуштањето на Собранието за да може да протурка уште неколку тендери и плаќања додека е функционална техничката Влада”.

Што се однесува до законот за ЈО, според него, квалитетен закон за јавно обвинителство можат да направат само луѓето кои, како што рече, го посветиле животот на тоа, а тоа, додаде, се експертите кои ги предложило ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE