„Книгите што ќе бидат дистрибуирани до учениците ќе бидат ослободени од иредентизам и ревизионизам“,изјави заменик-министерот за надворешни работи , Маркос Боларис, по завршувањето на дводневната средба на Заедничкиот интердисциплинарен Комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор.

„Договорено е целото поглавје за античката Македонија да стане дел од Грчката цивилизација како градовите Спарта, Атина, Тива, Македонија“, вели Спиридас Сфета, професор по модерна и современа балканска историја на „Универзитетот Аристотел“ во Солун, пишува порталот Nooz.gr.

Состаноците на Комитетот на експерти од Грција-Северна Македонија за историски, археолошки и образовни прашања ќе продолжат во април и мај.

Целта е, во септември, новите македонски учебници верно да ја прикажат историјата на античка грчка Македонија.

SHARE

Оставете коментар