Погребан српскиот патријарх Иринеј

Патријархот на Српската православна црква Иринеј беше погребан во криптата во Храмот Свети Сава во Белград.
Претходно, се одржа литургија во централниот дел на храмот, каде беше изложено телото на патријархот Иринеј, а која ја служеа митрополитот Хризостом, присутни владици и 16 свештеници.

Говори одржаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Телото на 45-от поглавар на Српската православна црква, Иринеј, беше спуштено во гробот во криптата во Храмот на Свети Сава, изграден за време на неговиот живот.

Тој е првиот српски патријарх кој почива на тоа место, а се планира и другите патријарси во иднина да бидат погребани на ова место.

SHARE