Порталот МКД.мк дознава дека поканата за денешната церемонија за подигање на знамето на Алијансата пред седиштето на Владата, во Кабинетот  на претседателот стигнала предоцна.

„Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов“, изјавија за МКД.мк, од Кабинетот на претседателот.

Претпладне од Кабинетот изјавија дека покана нема, додека од влада тврдеа дека покана за претседателот била испратена преку курирска служба и електронски.

На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не присуствувал поради презафатеност со претходно договорени обврски.

SHARE

3 Коментари

Comments are closed.