Покрај грчките, и бугарски авиони ќе го чувале македонското небо!

На Македонија наскоро ретко кој ќе смее и да помисли да ѝ се закани од воздух, бидејќи, покрај грчки воени авиони, македонското небо ќе го чуваат и бугарски, откри премиерот Бојко Борисов.

Претседателот на Владата на Бугарија минатата недела со својот колега Зоран Заев разговарал за користење на новите бугарски ловци Ф-16 и за надлетување над Македонија „бидејќи не можеле да вртат близу“!

„Со колегата Зоран Заев разговаравме минатата седмица – да сме живи и здрави, сега, кога ќе ги добиеме новите ловци, ќе го чуваме воздушниот простор и на Северна Македонија. Тоа ќе биде добро и за нив, и за нас, вака или онака, тие авиони не можат да завртат толку блиску и одат над Северна Македонија“, објасни Борисов на полигонот „Ново Село“, на кој присуствуваше на заедничка воена вежба на армиите на Бугарија, Албанија, Македонија и САД.

SHARE