Покрај Заев, руските пранкери го насамарија и претседателот на Европски парламент

Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент, е најновата жртва на руските пранкери, кои минатата година го насамарија и Зоран Заев.

За разлика од климатската активистка Грета Тунберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко, со кои го наместија премиерот на Македонија, во телефонскиот разговор со Сасоли мајтапчиите лажно му се претставија како бившата белоруска претседателска кандидатка Светлана Тихановска и како литванскиот шеф на државата Гитанас Науседа.

Пранкерот Владимир Кузнецов, познат како Вован, подоцна објасни дека дошле на идеја да си поиграат со Италијанецот по соопштението за подготовкса на пакет европски санкции против Белорусија.

SHARE