Словенечките социјалдемократи во Европскиот парламент стартуваа интернет-петиција за разрешување на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, поради неговата неодамнешна изјава за „Италијанскаа Истра и италијанска Далмација”.

За само неколку часа, петицијата беше поддржана со повеќе од 2.000 потписи, а меѓу првите беа потпишани од Јадранка Косор и Стипе Месиќ.

Како што беше најавено, Тајани треба да се сретне со хрватски и словенечки претставници кои побараа од него да ја повлече спорната изјава и јасно да се извини.

SHARE

Оставете Коментар