Полицаец – најпосакувана професија

Дури 2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени, се јавиле на огласот на Министерството за внатрешни работи за вработување на 600 полицајци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец.

Кандидатите ќе имаат 8-дневна стандардна проверка, изјави денеска МВР Спасовски.

„По завршувањето на сите овие проверки, ќе биде направено конечното рангирање после кое, согласно Законот за внатрешни работи 660 избрани кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители ќе бидат упатени на основна обука за полицаец“, рече министерот Спасовски.

SHARE