По концерт на Раста полицаец удрил малолетно девојче во Охрид (ДПЛ)

По концертот на српскиот рапер Раста во Охрид се случил инцидент во кој подебелиот крај го извлекло малолетно девојче.

Најпрвин девојчето било нападнато од момче кое било на концертот а потоа откако двајцата биле раздвоени малолетничката додека била турната на земја добила бокс в лице од полицаец во униформа кој го обезбедувал концертот.

Сведоци на инцидентот тврдат дека девојчето со ништо не ги предизвикало полицајците и редарите кои физички ја малтретирале пред збунетите млади луѓе кои го снимиле настанот.

Откако девојчето било удрено в лице со тупаница таа некому по телефон му рекло дека и е скршен носот.

Поради заштита на приватноста на девојчето, редарите и полицајците не ги објавуваме материјалите на кои се гледа како повеќе машки лица имаат физички контакт со малолетничката која ги моли да не ја тепаат.

Првичната вест за инцидентот е дополнета (ДПЛ) во 03.30

SHARE