Полицијата ноќеска влегла во селото Грчец

Две лица се во притвор по акцијата во селото Грчец повеќе пати споменуван како место на живеење на луѓе од бизнисот со украдени коло и дрога.

Скопските полицајци вчера направиле акција во селото Грчец и поднеле кривична пријава против две лица, роднини, кои се сомничат за недозволено поседување и тргување со огнено оружје, пишува порталот нетпрес.мк.

Лицето Зекирија Љ. (34) бил веднаш уапсен, и судија на претходно постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, додека вториот осомничен Абдулрахим Љ. (40), не бил пронајден. Но, и него по забрзана постапка му била поднесена кривична пријава за за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.

Целата информација на нетпрес.мк