„Постапуваме по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе ќе биде лоциран, тој ќе биде приведен“, велат од МВР, откако по поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, е издаден налог за апсење.
Велешкиот суд вчера му одреди мерка притвор, бидејќи не се појавувал на рочиштата за случајот „АКМИС”.
Полицијата синоќа го барала во неговиот дом, а денеска, пак, го бараат на повеќе локации на кои се претпоставува дека би можел да престојува.