Политички „хиени“ ја нападнаа Тамара, вели Кирацовски

„Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички ‘хиени“ веднаш не го ставеа во погон“, смета
пратеникот Александар Кирацовски кој се стави во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако ги откажа концертите по бурните реакции на јавноста за пропуштените стихови при изведувањето на македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје.

„Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!
А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!-ѝ порача Кирацовски на ФБ.

SHARE