Политички притисок и страв во СЈО, никој не сака да потпише трансфер на предметите кај Јовески

Меѓу обвинителите во СЈО нема ниту еден што ќе потпише за трансфер на предметите кои на барање на Катица Јанева треба да заминат во Јавното обвинителство.

Извори во СЈО тврдат дека деновиве дел од обвинителите се под силен политички притисок да се стави параф на одлуката за трансфер за предметите а притисокот се засилува

Ниту еден обвинител засега не сака да го прекрши законот затоа што сите се свесни дека нема правен основ за трансфер.

Уште поголем проблем е што со налогот на Јанева од затвор не се опфатени неколку други прашања кои се од исклучителна важност и за предметите и за луѓето инволвирани во нив како обвинители, истражители, сведоци, списи, докази и слично.

Спроведување на барањето на Јанева без да се расчистат сите дилеми може да значи кривична одговорност за човекот што би се потпишал на документот со кој предметите од СЈО би се префрлиле во ОЈО.

SHARE