Политиката за Димитров била „чист идеал и борба за земјата“?!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров реагира по одлуките на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите дека порталите „Инфомакс“ и „Република“ го прекршиле членот 1 од Кодексот на новинари во известувањето за случајот „Рекет“.

Во писмената изјава објавена на вебстраницата на МНР, Димитров вели дека бил згрозен од „дрскоста“ неговото име да се плетка во случај со кој немал никаква врска и поради тоа сакал да тужи, но се пишманил „следејќи ги добрите европски практики и слушајќи ги апелите на новинарските организации“.

„Во меѓувреме, нам на кои политиката ни е чист идеал и борба за земјата, ни останува да се бориме со лагите преку уште посилна работа, посветеност и чесност.
Уште еден аргумент за оваа моја одлука, се разбира е и фактот што лаги и кал кон мене се фрлаат секој ден. Јас имам мисија и немам време за секојдневни тужби. За волја на вистината, уште помалку тоа време и приоритети ги има во моментов македонското судство“, се вели во изјавата на шефот на дипломатијата.

SHARE