Политичкиот затвореник од времето на комунизмот, Шпетим Положани, смета дека тврдењата и оправдувањата на СДСМ за поништување на лустрацијата не се логични и не држат, затоа што меѓу лустрираните лица имаше соработници на тајните служби.

Нема основ овие лица да бидат обештетени, изјави Положани во „Отворено студио“ во ТВ Шења.

„Ова образложение не ми изгледа логично, и не држи вода тезата да се создаде сега клима за да се обештетат оние кои се жртви на лустрацијата.

Меѓу нив сигурно имаше и соработници, затоа што комисијата има добар пристап, а и до изјавите и од другите средства што потврдуваат едно такво нешто“, рече Положани.

Тој додаде дека „ако некој требаше да се лустрира, тоа се луѓето на СДСМ, затоа што тие ја направија криминалната приватизација, ги создадоа своите тајкуни и овие на некој начин, ги создадоа и најголемите проблемни, воглавно на Аалбанците, во последните декади“.

Положани смета дека лутрацијата требало да се случи многу порано и дека требало да ги опфати и македонските тајни служби и дека сите оние кои би биле детектирани за соработници на службите требаше да бидат исчистени од секторите во кои што делуваат…

SHARE