Владата на последната седница во вторникот донела одлука за одобрување на исплата од 6 милиони денари за Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а директорот Александар Петровски вели дека се тоа пари со кои ќе треба да се исплатат помеѓу две и три плати за вработените,

„Ние нашите средства ги обезбедуваме од самофинансирачки буџет, но поради протоколите имаме намалени приходи, поради што моравме да се обратиме до Владата за помош. До септември некако се носевме со отежнатата ситуација, но повеќе не можевме да издржиме. За исплата на платите се потребни од 2 до 3 милиони денари месечно“, вели Петровски за Фактор.

Директорот вели дека приходите се намалени речиси кај сите дејности кои ги обезбедува „Борис Трајковски“, а целосно се згаснати од концертите кои во моментов се забранети.

SHARE