Помош од Унгарија: Министерот Сијарто утре во Македонија

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, утре, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета наземјава за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија ковид-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за полесно надминување на овие предизвици.

SHARE