Помпео: Ако не расне и не се менува, НАТО е минато


Одговарајќи на прашања на новинарите дали е НАТО застарено или доживелао „мозочен удар“, како што оценува францускиот претседател Емануел Макрон, државниот секретар на САД Мајк Помпео вели: „минаа 70 години…. треба да  расте и да се менува. Треба да се соочи со реалноста и предизвиците на денешнината“.

Тој додава дека доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикасно и застарено, заклучи американскиот државен секретар Мајк Помпео.

SHARE