Помпео: Косово клучно за безбедноста на Балкан!

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека суверенитетот и независноста на Косово остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.
„По последните парламентарни избори и формирањето на владата, Косово има нова можност да го постигне својот целосен потенцијал и за нејзините граѓани и за соседните земји“, изјавија од Стејт департментот.
„Соединетите држави го поддржуваат Косово на нејзиниот пат кон интеграција во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на зајакнување на владеењето на правото, елиминирање на корупцијата и промовирање на економски просперитет за сите косовски граѓани“, рече Помпео кој го честиташе за Денот на независноста на Косово.
Декларацијата за независност на Косово беше усвоена од косовскиот парламент на 17 февруари 2008 година, потсети АФП.

SHARE