„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.За десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

SHARE