Поништени локалните избори во Истанбул

Централната изборна комисија на Турција ги поништи изборите за градоначалник во Истанбул кои се одржаа на 31-ви март. Ново гласање ќе се одржи во јули, објави Хуријет.

Весникот објави дека поништувањето доаѓа по жалбата на Партијата за правда и благосостојба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претходно, беше потврдено дека Екрем Имамоглу од опозициската републиканска партија е официјално новиот градоначалник на Истанбул.

Но, претседателот на Турција, Ердоган во неколку наврати изјави дека гласањето во Истанбул било неправилно и корумпирано, и инсистираше на нови избори.

По изборите на 31 март, кандидатот на опозициската републиканска партија, Екрем Имамоглу, стана градоначалник на Истанбул, но Ердоган го осуди тоа како  „измама”.

Екрем Имамоглу победи со мала разлика во милионскиот Истанбул.

Губењето на Истанбул, град каде и Ердоган јапочла политичката кариера како градоначалник во 90-те претставуваше голем удар за претседателот чија партијана локалните ги изгуби и Анкара и Измир иако на национално ниво Партијата за правда и развој освои победа.

SHARE