Попис со диктирање матични броеви не е попис, вели Мицкоски

Зоран Заев турка попис на населението без доказ за идентификација, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доколку оваа операција не е политичка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара одговор на следниве прашања: Попишувањето е предвидено без покажување на било каков доказ и лична идентификација, да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија?“, запраша Мицкоски.

SHARE